Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

bigjet fin

2.07.2020

Закрепнувањето на економијата е почнато и тоа може да оди побрзо од очекуваното до кајот на годината. Тоа го покажува реализацијата на вкупните приходи во буџетот во јуни кои се над очекувањата, а обезбедена е и ликвидност на буџетот кој се реализира по план.

Ова го изјави денеска на прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска.

Ангеловска рече дека во ваква кризна ситуација мора да биде задоволна и со минусна ситуација во однос на полнењето на државната каса, но подвлече дека досега е реализиран 44 отсто од планот.

– Даночните приходи во првата половина од годината, бележат пад од 13 отсто на годишно ниво и изнесуваат 47,3 милијарди денари. Само за јуни, согласно сценариото од ребалансот проекциите беа во надолна линија со очекуван пад од нешто над минус 20 отсто, додека остварениот пад е минус 14,4 отсто- врече Ангеловска.

Според неа кај позитивни движења има кај персоналниот данок на доход што е резултат на дел од мерките преземени од владата со кои се помогнати компаниите и работниците.

– Во второто тримесечје движењата по месеци се -11,7 отсто (април), -25,7 отсто (мај), за во јуни да биде регистрирана позитивна стапка 1,7 отсто – рече Ангеловска..

Исто така, според неа, позитивни се движењата и кај ДДВ.

– Во април и мај падот кај ДДВ беше -43,5 отсто и -33 отсто, додека во јуни е -7,5 отсто. Негативните стапки опаѓаат во второто тримесечје. Повратот на ДДВ исто така се одвива непречено и фирмите го добиваат повратот во регуларна динамика. Во услови на криза, повратот на ДДВ во првото полугодие од 2020 е повисок за 660 мил.ден. спредено со истиот период лани или 6 отсто повеќе – рече Ангеловска.

Таа нагласи дека се забележува позитивен тренд кај придонесите кои растат со стапка од 8 отсто или вкупно досега изнесуваат 31,7 милијарди денари.

Ангеловска рече дека здравствената криза е причина за брзото празнење на државната каса.

– Вкупните расходи изнесуваат 113 милијарди денари, што е зголемување од 9,9 отсто на годишно ниво или 10,2 милијарди денари што е 46,7 отсто од буџетираните расходи – рече Ангеловска.

Дефицитот во буџетот во првото полугодие е во износ од 25,9 милијарди или 3,8 отсто од БДП, и е согласно проекциите, односно се одвива според планираната динамика.

Таа рече дека јавниот долг во вториот квартал изнесувач 50, 7 отсто од БДП и тој ќе се зголеми до крајот на годината зависно на повлекување на парите од ММФ, еврообврзница…
Ангеловска тврди дека има пари во буџетот за покривање на дефицитот и за евентуален нов шок.

– Може да бидеме сигурни дека средствата се обезбедени. Буџетот ќе одговори на состојбата рече таа.
Ангеловска смета дека последните два квартала од годината ќе покажат посилно забрзување на заздравувањето на економијата.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново