zeleznickastanica fin

Прекинот на железничкиот патнички и товарен сообраќај во државава продолжи и денеска, откако од завчера машинскиот персонал ја бојкотира работата со неисполнување на работните обврски барајќи зголемување на надоместот за квалитет на работа од 30 на 40 проценти.

prevoznici finИзлегувањето на Велика Британија од Европската Унија нема да предизвика проблеми за домашните превозници во патниот товарен сообраќај, а ќе нема промени ниту во воздухопловниот превоз на патници во текот на транзицискиот период од 11 месеци и по неговото завршување. Со Велика Британија во делот на патниот сообраќај нашата држава нема склучено спогодба за превоз и тој се одвива како слободен превоз, додека во воздухопловниот во завршна фаза е подготовка на нови спогодби.

vizer fin

Најголемиот акционер на нискобуџетната авиокомпанија „Виз Ер“, приватната акционерска фирма „Индиго Партнерс“, планира да продаде акции од 500 милиони фунти (650 милиони американски долари) преку т.н. „bookbuilding“, се вели во соопштението на „Џеј Пи Морган“, кој е примарен координатор на продажбата, цитиран од „Ројтерс“.

kopac fin

Директорот на Секретаријатот на Европската енергетска заедница, Јанез Копач, неодамна на потпишувањето на договорот со Босна и Херцеговина рече дека Македонија е најуспешна земја во регионот кога станува збор за спроведувањето на енергетските реформи.

zagreb fin

Хрватска изгубила 500.000 луѓе работна сила во последните десет години – од 2008 до 2018 година. Ова го тврди Даворко Видовиќ, советник за труд и вработување во Хрватската стопанска комора (ХСК)

Turizam fin

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот АППТ, по саемот во Лондон денес на состанок со израелската авио-компанија "ISRAIR" повторно го актуелизираше постоечкиот интерес за отпочнување на директна линија на релација Тел Авив-Скопје- Тел Авив. На денешниот состанок со претставници од компанијата се договараа детали за отпочнување на соработката оваа сезона со два лета неделно, по што се очекува соработката и понатаму да се развива и бројот на летови и гости од Израел да расте во текот на годините.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Rontis oglas 2

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 06/03/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново