Народната банка досега не забележела или регистрирала нелегални трансакации преку банкарските канали, но доколку има индиции за спорни зделки со Панама, преку следните контроли во банките, супервизијата ќе стави посебен акцент на тоа, велат од Нраодната банка на Македонија. Досега ниту една институција од областа на спречување и контрола на финансовиот криминал и перење пари не побарала логистика, односно информации од НБМ за аферата “Панамски документи“, пишува Фактор.

Во Министерството за финансии ниту една одлука донесена од страна на министерот за финансии не му е доставена на дополнителниот заменик министер за согласност и потпис, вели Кире Наумов, претседател на Комисијата за финасии на СДСМ и дополнителен заменик министер за финасии.

Повеќе од 4 500 физички лица, компании и јавни претпријатија се наоѓаат на последната Листа на должници што ја објавува Управата за јавни приходи.

НЛБ Тутунска банка АД Скопје ќе го смени името во НЛБ Банка АД Скопје. За новото име треба да се изјаснат и акционерите на Годишното собрание закажано за 10 мај.

Нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе се точат по нови цени.

– Американската автомобилска компанија „Амфенол“, која веќе работи во два капацитети во Кочани, до крајот на годинава ќе изгради фабрика и ќе вработи уште 550 лица во овој град во источна Македонија. Американската компанија вкупно ќе вработува 1.300 лица од Кочани и околните места, пренесе Репортер.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Rontis oglas 2

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 06/03/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново