Велика Британија порача дека во случај на Брегзит без договор, на 31 октомври веднаш ќе ја укине слободата на движење, што е заострување на ставот во однос на претходната влада, иако премиерот Борис Џонсон порача дека земјата нема да биде непријателски расположена кон имиграцијата.
Европа ќе биде вистински обединета само кога и земјите од Западен Балкан ќе станат членки на Европската унија, порача германската канцеларка Ангела Меркел.
Според студијата на “Еурофанд“, нарачана од Европската комисија, бројот на мажи кои земале породилно отсуство во земјите од ЕУ по раѓањето на нивните деца е во постојан пораст во последните десет години, јави дописничката на МИА од Брисел.
Нови правила за имотот на брачни двојки или регистрирани партнерства на луѓе од различни држави стапуваат на сила од денска во 18 земји членки на ЕУ. Според соопштението на Европската комисија, со мерката ќе бидат опфатени 18 земји – Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Финска, Франција, Германија, Грција, Италија, Луксембург, Малта, Холандија, Португалија, Словенија, Шпанија и Шведска.
Европската унија побара од Фејсбук, Гугл и Твитер повеќе да работат во борбата против лажни вести, непосредно пред европските избори во мај.
Европската комисија денеска соопшти дека американските интернет гиганти оствариле одреден напредок, но мора да ја зајакнат борбата против дезинформирање.
Европската комисија започна консултации со релевантни соговорници во обид да ја зајакне меѓународната улога на еврото, јави дописничката на МИА од Брисел.