Состојба на патишта
Маглата го отежнува одвивањето на сообраќајот на повеќе патишта низ државата. Намалена видливост од 20 до 30 метри има на патот Велес-Штип, до 50 метри кај Велес – Неготино, Неготино – Демир Капија, Скопје – Велес и Велес – Скопје, до 100 на патните правци Тетово – Скопје и Делчево – Македонска Каменица и од 100 до 200 метри на патот Штип – Св. Николе, информира Авто-мото сојузот на Македонија.
На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во текот на ноќта и рано изутрина се реализираа предвидените полетувања и слетувања со исклучок на летот од и за Истанбул.
АМСМ информира дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, без забрани и застои, по претежно суви коловози, освен на осојничавите места. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.