ЕУ формираше тим за борба против „лажните вести“
Европската унија формираше експертски тим, чија цел ќе биде да помогнат во откривањето на „лажни вести“ кои се шират во јавноста.
Тимот, кој првпат се состана денеска, има 39 експерти и ќе треба да подготви извештај за тоа колку широко се распространети лажните вести и како најдобро да се спречат.
– Лажните вести се шират со загрижувачка брзина. Тие се закануваат на угледот на медиумите и на одржливоста на нашите демократии, изјави еврокомесарката за дигитално општество Марија Габриел.
Потегот на ЕУ доаѓа откако францускиот претседател Емануел Макрон предложи носење на закони за спречување на ширењето лажни вести во текот на изборните кампањи.
Во експертскиот тим се наоѓаат новинари и академици, кои своите препораки ќе и ги предадат на ЕК кон крајот на април.