Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

london fin

Велика Британија порача дека во случај на Брегзит без договор, на 31 октомври веднаш ќе ја укине слободата на движење, што е заострување на ставот во однос на претходната влада, иако премиерот Борис Џонсон порача дека земјата нема да биде непријателски расположена кон имиграцијата.

Поранешната премиерка Тереза Меј, која Џонсон ја наследи на 24 јули, предвидуваше „транзиски период“ дури и во случај Велика Британија да излезе од ЕУ без договор, што на европските граѓани ќе им овозможеше да патуваат во Велика Британија, за работа или студирање, без посебни чекори што во такви ситуации треба да се преземат.

-Слободата на движење, таква како што денеска постои, ќе заврши на 31 октомври кога Велика Британија ќе ја напушти ЕУ. По Брегзит владата ќе воведе нов и поправеден имиграциски систем во кој приоритет ќе бидат вештините и тоа како овие луѓе ќе можат да и придонесат на Велика Британија, а нема да биде местото од каде тие доаѓаат, изјави портпаролката на Даунинг Стрит

Деталите за новите правила за слободно движење наскоро ќе бидат познати, а ќе вклучуваат и построги проверки за евентуално криминалното минато на оние кои сакаат да влезат на островот.

-Тоа не значи дека ќе спречиме доаѓање во земјата и тоа не значи дека непријателски ќе се однесуваме кон имиграцијата и имигрантите, рече премиерот Џонсон за Би-Би-Си Радио Корнвел.

-Имиграцијата во Обединетото Кралство демократски ќе се контролира и ќе создадеме систем по примерот на Австралија, додаде Џонсон.

The3million, здружение кое ги претставува интересите на 3,6 милиони Европејци кои престојуваат во Велика Британија, изрази незадоволство од новата одлука.

„Тоа е неодговорно и ги отвора вратите за дискриминација генерално, напишаа тие на Твитер.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново