Филипче: Можно е да воведеме рестрикции во есенските месеци
Објавено на 27 јули, 2021 во 11:09
-Засега не размислуваме за рестриктивни мерки на границите или во внатрешноста на земјата, дали на јавните настани. Ако процениме дека ризикот е голем можеме да воведеме. Се размислуваме за периодот во есенските месеци, од септември или почетокот на октомври, изјави денес на прес-конференција, министерот Венко Филипче.
Тој информира дека здравствените власти размислуваат за воведување рестрикции за граѓаните кои што не се вакцинираат.
-Зошто тие да ги загрозуваат сите други што се вакцинирале, а имаат можности. Во некои земји воведоа брзи тестови за влез во маркетите или културните настани , потенцира министерот, додавајќи дека засега нема нови случаи на делта сојот во земјава.