Филипче: Срцето на нашата хумана сограѓанка продолжи да чука во градите на човек кој добива втора шанса за живот
Објавено на 25 август, 2021 во 13:45
Рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези на 42 годишна пациентка која ја загуби битката со животот, а нејзина последна желба беше да ги донира своите органи.
-Срцето на нашата хумана сограѓанка продолжи да чука во градите на човек кој добива втора шанса за живот. Органодарителството е највисок акт на хуманост. Држиме среќа телото да го прифати новиот орган, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.