Продолжува штрајкот со глад на дел од затворениците во Идризово
Објавено на 14 јануари, 2016 во 08:25
Дел од затворениците во Идризово и денеска го продолжуваат штрајкот со глад. За нивното незадоволство од, како што велат, лошите услови во затворот и начинот на спроведување на амнестијата, Телевизија Телма и синоќа и утринава е информирана преку телефонски јавувања и СМС-пораки.
Затворениците велат дека трпат сериозни закани, дел од нив сведочат дека не им се укажува медицинска помош, на оние кои заради штрајкот со глад имаат здравствени проблеми.
Велат и дека сите писмени известувања за одржување на штрајкот наменети за затворската управа, не стигнуваат до директорот на Индризово. Се сомневаат дека чуварите воопшто не ги носат до управата и дека ги уништуваат.
Извор:Телма