(ФОТО) Дел од атмосферата на Вевчанскиот карневал
Објавено на 14 јануари, 2016 во 08:43
Најстариот карневал во Македонија и воопшто во Европа и годинава на уникатен и препознатлив начин, преку креативни маски ги отслика актуелните настани во земјава и светот.
Низ вевчанските сокаци покрај традиционалните зет и невеста, музичарите и Глупавиот август, денеска продефилираа бројни митски и пагански суштества, а најмногу внимание привлекоа групната маски на специјалната обвинителка Катица Јанева, Скалата „Слези ти да се качам јас“ на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Возилото за прислушкување на ЦИА, Терористите од Исламска држава, како и маскaта на професорката Каракамишева и маската на Дунавка Трифуновска.
Извор: Репортер