Смртоносна лавина одзеде повеќе животи на француските Алпи

Објавено на 14 јануари, 2016 во 09:02

Загинатите се најмалку тројца, потрагата по исчезнатите продолжува и натаму.Очевидци објавија видео од местото на трагедијата во француските Алпи, каде во Белкомб, департмани, Изер, лавина затрпа живи луѓе.

Инцидентот се случил на завчера околу 16:00 часот по локално време.Снежната маса поклопила  група од десет ученици од училиште во Лион и нивниот учител.Спасувачите откриле досега, четворица повредени.

Сите тие се со тешки повреди и се хоспитализирани во болница во Гренобл.Најмалку три лица загинале – два ученика и државјанин на Украина.

Тие не влегувале во групата на ученици: според прелиминарните податоци, на местото на инцидентот имало и група украински туристи. Во моментов  уште трае потрагата по објавените за исчезнати . Во операцијата учествуваат околу 70 спасувачи, кинолози со четири специјално обучени кучиња и два хеликоптера.

Извор: Локално

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.