Катица Јанева дојде на судењето за случајот „Пуч“

Објавено на 14 јануари, 2016 во 09:15

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска се појави на судењето на Зоран Заев за случајот „Пуч“, јави Телма.

Таа побара одлагање на судењето за месец март, со цел да ги разгледа доказите. За случајот „Пуч“ е закажано ново рочиште за 2 март, а целиот тим на Катица Јанева ќе врши увид во случајот.

Во Основниот суд Скопје-1 за денеска беше закажано ново рочиште за случајот „Пуч“ , во кој како четвртообвинет е лидерот на опозициската партија СДСМ.

Овој судски процес на неколку пати беше одложуван. Зоран Заев не доаѓаше во судница со образложение дека бара овој предмет да биде предаден во надлежност на Специјалното јавно обвинителство.

Во текот на минатиот месец предметот го презеде Специјалното јавно обвинителство, и Зоран Заев минатото рочиште се појави во судот.

Но и тогаш судењето беше одложено затоа што Специјалното јавно обвинителство побара да се запознае со содржината на доказите, кои не беа вклучени во обвинителскиот предмет, кој им беше доставен.

Инаку, во судскиот процес „Пуч“ обинети се и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња и двајца вработени во општина Струмица.

Сите се товарат за шпијоанажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи.

Извор: Tелма

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.