Исчистен одронот на патот Маврово – Дебар
Одронот на патниот правец Маврово – Дебар е исчистен. Сообраќајот е нормализиран.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози. Магла со видливост од 50 – 100 метри има кај Страцин, Сарамзалино, Павлешенци, Велес, Неготино и Петровец.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.