„Богородица“ затворена поради штрајк на грчките фармери
Објавено на 18 февруари, 2016 во 10:01
Поради штрајк на грчките фармери денеска повторно нема да бидат во целосна фунција гранините премини кон соседна Грција.
Како што информира АМСМ од 10 часот утринава е затворен граничниот премин „Богородица“.
Во времето од 09 до 13 часот и од 17 до 21 часот, во целосен прекин ќе биде сообраќајот при влез и излез од Грција на граничнот премин Ники( Меџитлија).