Меѓународниот фактор се изјасни за изборите, на потег се партиите

Објавено на 22 февруари, 2016 во 08:52

Условите за кредибилни избори за 24 април не се исполнети, изјави вчера вечер американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, истакнувајќи дека освен тоа, има имал напредок во Државната изборна комисија, а не е постигнат договор за реформи во медиумите.

ЕУ и САД препорачуваат да се остават дополнителни шест седмици за прочистување на избирачкиот список. Во таква ситуација, избирачкиот список би бил ставен на дваесетдневен јавен увид околу 15 април, така што изборите би се одржале на 5 јуни и во тој случај, би требало да се повлече одлуката за распуштање на Собранието оваа среда, така што законодавниот дом подоцна би носел нова одлука за самораспуштање – некаде во почетокот на април, за што се потребни минимум 62 гласа.

Вчера вечер на Твитер се огласи и комесарот за проширување Јаханес Хан. Напиша дека квалитетот и суштината на изборите се поважни отколку датумот на изборите.

Во соопштението СДСМ, веднаш по средбата, се вели дека меѓународната заедница го потврдила она што СДСМ и порано го потврдила, дека нема услови за фер и демократски избори за 24 април. Од оваа партија пишуваат дека проценката на меѓународната заедница, покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се единствените кои го блокираа процесот за спроведување на договорот од Пржино.

Лидерот на ДУИ, апелираше до сите политички партии во земјата да продолжат со дијалогот.

Ахмети не кажа директно, дали прифаќа нов датум за избори освен тој за 24 април, а од ДПА засега нема коментар.

Извор: ТВ 21

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.