Временска прогноза
Објавено на 7 март, 2016 во 07:07
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни кон крајот на денот и во вечерните часови, особено во западните и северните делови.
Ќе дува умерен до засилен повремено јужен ветер, кој на места ќе достигнува брзина до 80 км/час. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.