Приватните снимки ја прелиле чашата кај ДУИ па затоа ќе излегувале од Влада

Објавено на 1 април, 2016 во 07:21

По соопштението на ДУИ и објавата за излегување од Владата, 24 Вести стапи во контакт со дел од високите партиски функционери кои официјално не сакаат да ги коментираат причините, но неофицијално дел од нив велат дека објавувањето на приватни телефонски разговори во кои се посочуваат дел од нивните високи функционери била една од причините.

„Не може пржинскиот договор да важи само за ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, а не и за нас“ вели висок партиски функционер од ДУИ. Истиот функционер тврди дека ова постапка не го става воопшто во прашање учеството на ДУИ на изборите кои за нив ќе бидат сигурно на 5 јуни.Нивниот колиционен партнер во власта ВМРО ДПМНЕ си молчи и не коментира.

Инаку, како што објавивме и претходно, Али Ахмети ја напушта Владата и ги повлекува сите функционери на извршната власт, соопштија од ДУИ синоќа по седницата на централното претседателство.

Претседателството го овластило лидерот Ахмети да одлучи за идните чекори на партијата. ДУИ ја информира меѓународната и домашната заедница дека во наредните денови ќе ги преиспита и своите политики, но од партијата на Ахмети велат дека во тоа не спаѓа и одлуката за излегување од извршната власт.

Познвачите на приликите сепак коментираат дека ова е само уште една игра на Али. Тој само прави шема за изборите за 5 јуни и ништо повеќе. Демек се лутат за снимките на Муса и Ермира, а всушност прво и најбитно сакаат да ја дефокусираат јавноста од почетокот на апсењето на извршителите на Мијалков и случајот ТВРДИНА, каде СЈО на Јанева најавува и нови апсења, и играта на ДУИ треба да се гледа во тоа. Му праќаат порака и на членството на ВМРО ДПМНЕ дека тие се фактор и пазарења и попуштања мора да има.

Датумот за изборите е вториот фактор. Голема е паниката во ВМРО ДПМНЕ со почетокот на апсењата на СЈО и Катица Јанева, . новите предмети кои деновиве ќе се отвораат исто се заканувачки така што изборите по секоја цена мора да почнат. Дека во овој период ќе се користат сите должници на власта од членство до меѓународни платеници- „експерти и аналитичари“ е повеќе од јасно. Сите ќе бидат во функција, секој со што може.

Во таа атмосфера сега се јави и евроамбасадорот Јоханес Хан, кој од Албанија декларира дека избори на 5 јуни мора да има. Имало време за се да се стигне , нема одлагање , порача Хан. Истото го велат и од ДУИ сега дека нема одлагање.Само ДИК која е најповикана засега ја тера теренската проверка и не кажала со сигурност дека со се ќе се стигне за тој датум за избори.

ОБСЕ-ОДИХР кои пристигнаа со својата мисија изјавија дека тие се тука за набљудување, но со сигурност не посочија кога . Нас не викнаа за 5. но можеби и некој друг. Тие како особено битно го истакнаа делот дека не ги интересира кој ќе победи, тие се ќе набљудуваат.

И на крајот дали ДУИ , со одлуката за повлекување од Влада на РМ ,сега глуми незадоволство и отвора простор да го пополни режираното местото на опозицијата,за режирани избори, ќе се види набргу. Едно е сигирно тоа е веројатно сценарио на власта, до колку големиот опозициски блок со СДСМ, ДС, ДОМ, ЛДП, Унитети, Беса, партиите на Руфи Османи, на Зијадин Села и други одбијат да одат на местени избори, а како такви се прогласуваат и оние на 5 јуни до колку со сигурност не се прочисти списокот , ако ДИК не си ја заврши работата и не се спроведе пржинскиот договор.

Последниот збор сепак е на гаранторите САД и ЕУ, и веројатно токму поради тоа Ахмети пробува да ја спинува јавноста, но и си остава простор во истото контрадикторно соопштение, – ние излегува од влада, ама оставаме и да ни кажат !

Или попрецизно:

„Претседателството, исто така, ги потврди статутарните права и ги делегира сите извршни права и овластувања за донесување одлуки на претседателот Али Ахмети за да одлучи за следните чекори на Демократската унија за интеграција.

„Демократската Унија за Интеграција, исто така, ја информира локалната и меѓународната јавност дека ќе ги преиспита своите политики во наредните денови“, стои во соопштението на партијата испратено доцна синоќа.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.