Предметот за куќниот притвор на градоначалникот Талески во Апелација
Скопска Апелација денеска од Кривичниот суд го доби на понатамошно постапување предметот за градоначалникот на Битола Владимир Талевски, јави ТВ 21.
Инаку, судијата на претходна постапка, по повод предлогот на СЈО за определување на мерка притвор за Талески, определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена и се забранува тој да го напушти своето живеалиште без дозвола од Судот.
Во спротивно, против него ќе се определи мерка притвор.
Жалба на одлуката за куќен притвор досега најави одбраната на Талевски, а Апелацискиот суд ќе одлучува дали ќе ја укине оваа одлука или ќе го потврди решението на Основниот суд Скопје 1. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 претходно го укина решението на судијата на претходна постапка со кое на Талески само му беше одземен пасошот и донесе одлука на битолскиот градоначалник да му биде одреден куќен притвор.
СЈО ги товари Талевски и уште 22 лица за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, во износ од 360.000 евра.
Извор: ТВ 21