Временска прогноза
Објавено на 9 јули, 2016 во 07:11
Следува период на претежно стабилно и топло време со пораст на дневните температури, кои до средината на наредната недела на повеќе места ќе надминуваат 35, а во југоисточниот дел од земјата ќе достигнат и 39 степени.
В недела и понеделник во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи.
Од втората половина на наредната недела температурата ќе биде во опаѓање, а ќе има и нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, вдолж Повардарието умерен северен ветер. УВ=8. Tемпература до 35 степени.