Временска прогноза
Објавено на 11 јули, 2016 во 05:05
Продолжува периодот на претежно стабилно и топло време во кој дневните температури ќе бележат пораст, а до средината на наредната седмица на повеќе места ќе надминуваат 35. Во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и 39 степени.
Во овие денови во попладневните часови во западните планински делови ќе има почеста облачност. Од петок температурите ќе бидат во благо опаѓање и ќе има нестабилност проследена со локален пороен дожд и грмежи.
ДЕНЕСКА: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, попладне во западните планински делови можно е појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. УВ=8