Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат поинтензивни обилни и поројни дождови, електрични празнења и услови за изолирана појава на град. УВ индексот ќе изнесува 7.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 15, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 22 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветерод југоисточен правец.

Температурата ќе се движи од 14 / 27 степени.

И во четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со обилни врнежи од дожд. Потоа од петок ќе биде претежно стабилно и потопло, во попладневните часови со ретка појава на краткотраен дожд.

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново