Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска со прва пресуда по обвиненијата на СЈО.

Пресуда ќе биде соопштена за за случајот „Тенк“ во кој заедно со поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски им се суди за набавката на луксузниот мерцедес. Овој предмет го суди судијката Добрила Кацарска која вчера веќе му изрече затворска казна од 9 години и мерка притвор на Поповски за случајот “Триста“ за злоупотреба на службената положба и овластување.

Поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски во завршните зборови за случајот „Тенк”, посочи дека во предметот е обвинет за сакање, и дека нема докази дека наредил такво нешто или дека го фаворизирал набавувачот.Тој вели е дека т.н „бомби “ништо не докаживаат против него.

СЈО побара осудителни пресуди за двајцата обвинети, а одбраната бараше одлободителни поради немање на докази. Судијката Кацарска одлуката ќе ја соопшти денеска.

Обвинетиот Ѓоко Поповски во завршен збор наведе дека договорениот орган МВР иако немал обврска, одлучил да спроведе постапка за јавна набавка со цел да добие пониска цена за блиндирано возило.

Поповски вчера беше осуден на деветгодишната затворска казна за случајот „Триста“, а му беше одредена и мерката притвор поради опасност од бегство.

Адвокатот Стерјо Зиков вчера во изјава за медиумите рече дека Поповски побарал од него да пренесе во судот дека не сака да присуствува на рочиштето за време на изрекувањето на пресудата за „Тенк“.

Во „Тенк“ за набавка на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за која постапката е издвоена поради „ризична бременост“.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

PITIJADAVELES1

Најново