Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

soncevoioblacno fin

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во источните делови.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19 степени, а дневната од 25 до 33 степени.

УВ-индексот ќе биде осум.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност, а попладне со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 17 до 30 степени.

Во текот на целиот ден утре ќе биде пооблачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, а се очекува да наврне и поголема количина на воден талог.

Потоа во следните денови ќе има повремен пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново