Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Cipras fin

За постигнатиот договор со Македонија, утре наутро во 10 часот по локално време, грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе го извести грчкиот парламент на седница закажана по негово барање.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ципрас достави барање до претседателот на парламентот, Никос Вуцис, да го активира конкретниот член (142А) од деловникот за работа на парламентот што се однесува на „навремено и одговорно известување и информирање на парламентот од владата преку парламентот“.

Останува отворено прашањето дали ќе се остварат предвидувањата во медиумите и ќе се потврдат информациите во новинарските кругови, дека опозициската Нова демократија ќе достави предлог за гласање недоверба на владата.

Во Грција во игра се две сценарија, едното, предлогот да биде доставен денеска, веднаш по завршувањето на расправата и гласањето на новиот нацрт закон што се однесува на среднорочната рамка за финансиската стратегија за периодот 2019-2022 или во петок кога можеби ќе се одржи расправа за договорот.

Според другото, лидерот на опозициската Нова демократија, Кирајакос Мицотакис, тоа би го сторил утре за време на расправата за договорот.

Правилникот за работа на парламентот предвидува, во случај на барање да се гласа недоверба на владата, веднаш по доставеното барање се прекинува било која седница што е во тек и почнува расправата за недовербата. Седницата трае најмногу 3 дена по што следи и гласањето на пратениците.

Со оглед на тоа дека сѐ погласни се шпекулациите во Грција дека договорот ќе се потпише викендов во Преспа, за да не се создадат проблеми и одложување на потпишувањето, поради гласањето недоверба, според грчките медиум владата би можело да побара процесот да се скрати и наместо три дена да заврши порано.

 

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/02/2019 година.