Референдумот во Македонија ма дневен ред и на состанокот на Министрите на ЕУ во Луксенбург
Објавено на 15 октомври, 2018 во 07:08
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе се состанат во Луксембург на седница на Советот за надворешни работи на ЕУ.
На дневен ред ќе се најде актуелната состојба во меѓународните односи, вклучувајќи ги и резултатите од 73-тото Генерално собрание на ОН.
Министрите ќе разговараат за референдумот, кој неодамна се одржа во Македонија, како и за изборите во Босна и Херцеговина, кои се одржаа на 7-ми октомври.
На дневен ред ќе бидат и миграцијата и ситуацијата во Либија.
Руски медиуми, повикувајќи се на шефот на Комитетот за надворешни работи на Советот на Руската Федерација, Константин Косачев, јавија дека денеска министрите официјално ќе ги одобрат новите санкции кон Русија за наводно користење хемиско оружје.