Презентација на истражување за трошоците на студентите на државните универзитети
Објавено на 11 декември, 2018 во 09:07
Во Скопје денеска ќе бидат презентирани наодите од истражувањето „Колку и на што троши еден македонски студент“ спроведено од тим на Здружението на млади аналитичари и истражувачи и Младинскиот образовен форум со поддршка на фондацијата „Отворено општество – Македонија“.
Целта на истражувањето е да се добие претстава за видот и за висината на трошоците на студентите кои студираат на државните универзитети во Македонија и да се дадат препораки за подобрување на студенскиот стандард.