Две нови фотки на кои Груевски се шета низ Будимпешта
Објавено на 23 април, 2019 во 17:58
Две нови фотографии од поранешниот премиер Никола Груевски, во бегство, се појавија денеска на Твитер. На едната од фотографиите Груевски е ,,фатен “како шетат низ улиците низ Будимпешта, а на другата како гледа реклами на една Агенција за недвижнини.
„Поранешниот македонски премиер Никола Груевски се шеташе низ Будимпешта во понеделникот, на последниот ден од Велигден. Тој гледаше реклами во една агенција за недвижности“, пишува твитер-корисникот кој ги објави фотографиите.
Според неговиот опис, автор на фотографиите е Душица Томовиќ од „Балкан инсајт“.