Пендаровски во вила „Водно“ ја превзема претседателската функција
Во вила „Водно“ заврши официјалната церемонија на која досегашниот претседател Ѓорге Иванов му ја примопредаде функцијата на Стево Пендаровски.
Церемонијата беше со највисоки воени и државни почести, а по нејзиното завршување Иванов и Пендаровски одржуваат тет-а-тет средба. Потоа ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во Кабинетот на претседателот.
Пендаровски ќе има и билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, како и со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.
Новиот претседател на државата ќе има билатерални средби и со министерот за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, со заменик министерот за надворешни на Република Турција, Фарук Кајмакчи, како и со државниот потсекретар во МНР на Република Полска, Пјотр Вавжик.