Пендаровски го испрати Иванов од „Вила Водно“
Објавено на 12 мај, 2019 во 13:34
Попладнево по два мандата Ѓорге Иванов си замина од претседателската „Вила Водно“. Беше испратен од новиот претседател Стево Пендаровски.
Иванов и Пендаровски претходно одржаа средба, по која се сретнаа и со вработените во претседателскиот кабинет.
Новиот шеф на државата Пендаровски во претседателската вила дојде од Собранието, каде што се одржа свечена инаугурација.
Пендаровски веднаш по преземањето на кабинетот одржа билатерални средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев, а се очекува да одржи средба и со албанскиот претседател Илир Мета.