Еврокомесарот Хан, наредната недела, доаѓа во Скопје
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан следната недела доаѓа во Скопје, каде ќе се сретне со претставници и на македонските власти и на опозицијата.
Новонастанатата актуелно политичка состојба ,ќе биде теме на разговорите и обид за одглавување на опозициската блокада на процесите која се повеќе се наметнува и се демонстрира, во функција на купување на политички поени на опозицијата за предизвикување на предвремени парламентарни избори
Потоа Хан тоа ќе отпатува во Белград ( 25 и 26 јули) каде со претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ ќе разговараат за реформските процеси во Србија и за регионални прашања.– Комесарот Хан во Белград ќе се состане со претседателот и премиерката на Србија, со кои ќе разговара околу реформите кои ги спроведува Србија на патот кон ЕУ, како и за регионалните прашања – изјави портпаролот на ЕУ за Танјуг.
Минатиот месец, по повод отворањето на ново поглавје во преговорите за пристапување, Хан ја повика Србија да го забрза процесот на реформи и со поголема решителност да работи на владеењето на правото, фундаменталните права и демократското управување.
Комесарот Хан, кој веќе се вклучи во деблокирањето на дијалогот Белград-Приштина, најави дека во јули ќе се обиде повторно да ги мотивира лидерите на двете страни да се вратат на преговарачка маса.
– Тоа не е лесна задача и потребна е политичка храброст да се работи на компромисот. Треба да знаеме кои се позитивните последици, а позитивните последици може да бидат европската перспектива – изјави Хан.