Сончево и топло, УВ индексот 9
Објавено на 22 јули, 2019 во 07:07
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопшти УХМР.
УВ индексот ќе биде 9. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи од 12 до 19, а максималната од 30 до 38 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и температури до 36 степени.
Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има услови за краткотраен локален дожд. Дневните температури ќе опаднат за 3 до 4 степени. Потоа во наредните денови повторно ќе биде стабилно и многу топло.