Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

katica fin

Откако jавниот обвинител Љубомир Јовески најави дека инволвираните во случајот „Рекет“ ќе бидат неселективно сослушани или распитани, денеска на разговор со обвинителката Вилма Русковска, која го води предметот, се очекува специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева.

Таа ќе треба да даде одоговор на повеќе прашања кои се отворија во јавноста, откако минатиот месец беше отворен случајот „Рекет“, во кој засега за рекетирање на бизнисмени се обвинети Бојан Јовановски и Зоран Милески.

И додека некои се на мислење дека Јанева требаше веднаш да биде суспендирана по отворањето на „Рекет“, таа минатата недела се врати од годишен одмор и од 12 август е на работа.

-Обвинителството заради доверливоста на постапката, не соопштува однапред кои дејствија и кога ќе бидат преземени. Обвинителството уште при отворањето на истрагата има планирано дејствија како ќе се води постапката и согласно тоа ќе се води постапката, изјави Јовески за МИА ден откако на 8 август онлајн изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“ објави видео-снимка во врска со случајот „Рекет“.

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново