Лукаревска: Четири фирми од „Рекет“ се под истрага на УЈП
Сања Лукаревска, директорката на УЈП, во интервју за ТВ21 потврди дека управата ги доставила налозите за финансиска контрола на четири фирми кои биле поврзани со случајот „Рекет“. Првиот човек на УЈП наведе дека истражителите се во фирмите и се проверува дали имало затајување на данок. Таа рече дека според првичните наоди, финансиската истрага ќе се проширува и на други компании и лица.
– Следејќи ја ситуацијата, да не бидеме анемични, како што некои сакаат да не направат, ние влеговме во контрола на фирмите кои се поврзани со овој популарен случај наречен „Рекет“. Инспекторите во петокот ги доставија налозите, а во понеделникот почнаа да ја чешлаат документацијата на тие фирми. По првите информации што ги имаме, очекуваме да има можности за проширување на истрагата. Во моментов документацијата се лешла во четири компании кои што се поврзани со случајот „Рекет“ – наведе Лукаревска.
Таа вели дека според првичните наоди, финансиската истрага ќе се проширува и на други компании и лица. Лукаревска додаде дека станува збор за сензитивна тема и дека ќе се види од контролите дали имало даночно затајување на фирмите или не.