Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

albanskaazbuka fin

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците вечер од 19.30 часот во Македонскиот народен театар ќе организира свечена академија по повод Денот на албанската азбука. Со него се одбележува годишнината од Битолскиот конгрес на кој десетици албански научници од 14 до 22 ноември 1908 година се состанале за да ја создадат албанската азбука.

Делегатите од Албанија и албанските здруженија и клубови од цел свет на конгресот во Битола донеле одлука за прифаќање на латиницата со некои промени, адаптирајќи 36 букви на албанскиот јазик. Затоа 22 ноември се одбележува како Ден на албанската азбука и е неработен за албанската етничка заедница во земјава.

На свечената академија, која е централен од серијата настани што беа организирани деновиве, најавено е присуство на претставници од Владата, Собранието, од политичките партии и дипломатскиот кор.

Оваа година првпат ќе биде доделена и државната награда „22 Ноември“ за остварувања во областа на политичкиот, културниот и општествениот живот во државата.
Добитници се истражувачот, историчар и хуманист Давид Хосафлoк и просветните работници Кимете Агаи и Аднан Агаи. Наградата ќе им биде врачена во 13 часот во Собранието.

Одлуката ја донесе организациски одбор под претседателство на проф. д-р Гзиме Старова. Тројцата добитници се наградени за нивниот придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.

 

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново