Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

krivicen fin

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина”. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Трајче Пеливанов и Артан Ајро.

На минатото рочиште сведочеше премиерот Зоран Заев, кој објасни како претседател на СДСМ Верушевски го информирал дека партијата располага со документи и материјали од типот на незаконско следење на комуникациите и дека за тоа првпат слушнал кога станал претседател на партијата СДСМ во јуни 2013 година.

Заев кажа дека од согледувањето на тие материјали увидел дека во држават се прави масовно следње на комуникациите, дека тоа се врши надвор од пропишаниот закон, односно без судска наредба и посебни истражни мерки, како и дека масовноста на прислушувањето според негова проценка опфатила над 20 илјади граѓани.

Најчест таргет, Заев рече дека биле опозицијата и високите претставници на опозициската СДСМ, но дека се следеле и новинари, екаперти, претставници на НВО, како и деловни луѓе од државата, верски претссавници и неколку телефонски броја од високи претставници од власта во тоа време. Заев, рече дека се приклучува на прогонот како лице кое било прислушувано, но дека не бара никаква отштета.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново