Свечена светосавска академија во МНТ
Објавено на 27 јануари, 2020 во 08:49
Српската заедница во земјава со свечена Светосавска академија вечер во Македонскиот народен театар ќе го одбележи 27 Јануари, Националниот празник на Србите – Денот на српскиот просветител Свети Сава.
На настанот најавено е обраќање на премиерот Оливер Спасовски, како и на делегациии од Србија и од Република Српска, а ќе се одржи и богата културно-уметничка програма.