МЗ: Oбјавените информации за патникот од Дубаи не се официјални
Објавено на 25 февруари, 2020 во 16:01
Информациите за резултатите од тестирањето на патникот од Дубаи на Инфективната клиника што беа пласирани во медиумите не се официјални, соопшти попладнево Министерството за здравство.
-Официјалните резултати од патникот од Дубаи ќе бидат готови во 15:00 часот. Во 15:15 часот предвидена е изјава за медиумите на министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во Министерството за здравство, се наведува во соопштението