Нови телефонски броеви наменети за психилошка поддршка отвори министерството за здравство
Објавено на 3 април, 2020 во 13:38
3.04.2020
Отворени се уште 3 нови телефонски броеви наменети за психилошка поддршка на трудниците и родилките, лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот, како и психолошка поддршка на албански јазик во периодот со справувањето со КОВИД-19. Ги охрабрувам сите граѓани кои чувстуваат потреба да ја побараат потребната помош. На телефонските броеви одговараат стручни лица од Клиниката за психијатрија, со чија соработка ја нудиме оваа поддршка, напиша министерот за здравство на својот ФБ профил.