Спасовски: Можно е враќање на рестриктивните мерки
Објавено на 29 мај, 2020 во 16:06
29.05.2020
Најголемиот дел од угостителските објекти не ги почитуваат воопшто протколите, а тоа не го прават ниту граѓаните. Многу угостителски објекти продолжуваат со работа и по 22 часот. Ова пред малку го изјави премиерот Оливер Спасовски, кој рече дека поради тоа, денеска на состанокот на Главниот кризен штаб било разговарано околу повторното враќање на рестриктивните мерки.
-Упатувам апел до граѓаните, се’ со цел заеднички да си помогнеме во намалување на реструкциите. Меѓутоа, не ја исклучувам можноста до воведување на повторно рестриктивни мерки, особено во општини каде има вакви тенденции. Непочитувањето на мерките ќе се санкционира од инспекциите, изјави Спасовски.