Врнежливи попладниња уште денеска и утре, потоа стабилно и топло
Објавено на 26 јуни, 2020 во 08:08
26.06.2020
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Максималната температура се очекува да достигне до 34 степени. УВ=8.
Временската прогнозата ја соопшти УХМР.
До утре во попладнедневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме. Во недела услови за краткотрајна нестабилност ќе има само во западните делови. Следува период на стабилно време и температури во позначнителен пораст.