Пораст на температурите
Објавено на 10 август, 2020 во 07:44
10.08.2020
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне на места ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи особено на североистокот.
Максималната температура до 34 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и потопло време претежно со попладневно зголемување на облачноста и со услови за појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи особено во средината на неделата.