Одземени документи од три фирми кои отвориле наменски портали за изборите

Објавено на 16 септември, 2020 во 10:54

OJOSkopje fin

16.09.2020

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи изутринава спроведоа координирана акција при што е одземена документација од три фирми за кои постои основано соменение дека во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување ценовник за рекламирање.

Од ОЈО информираат дека надлежен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција издал Наредба за проверка на фирмите.
„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави Известување според кое постои сомневање дека политичките партии за време на предизборниот период платиле политичко рекламирање на интернет портали што биле непосредно отворени и со мала посетеност“, се наведува во соопштението од ОЈО.

Од ОЈО, информираат дека во насока на утврдување на наводите од Известувањето, во текот на утрово во координација со МВР е спроведена акција при што е одземена документација од три фирми кои ги основале предметните портали, а ќе се прибираат и докази од други релевантни институции.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.