Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Fetai fin

24.09.2020

Обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението за тројца обвинети во предметот познат во јавноста како „Насилство во општина Центар“.
Даниела Рангелова, Борче Богдановски и Милан Андоновски се ослободени од обвинението.

Како обвинети во случајот беа 14 лица, меѓу кои и првообвинет е бегалецот и поранешен премиер, Никола Груевски, а второобвинет е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Тие се товарат за поттикнување и организирање насилни протести пред просториите на Општината кои биле организирани дека наводно се против запирање на изградба на црквата „Свети Констатин и Елена“ на улица „Македонија“, а всушност причината била да се спречи седница на Советот на Општина Центар на која требало да се променат деталните урбанистички планови.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново