Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Pendarovski fin

28.09.2020

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, денеска упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Македонија.

Заедно со останатите етнички заедници и бошњачката искрено и неуморно го дава својот придонес во сите сфери на општествениот, економскиот и културниот живот во нашата земја, придонесувајќи во градењето на едно општество за сите. Горди сме што почитта, заедништвото и уважувањето на различностите се силата на нашата заедничка татковина. И понатаму како држава ќе продолжиме со исполнување на највисоките стандарди во заштитата на етничкиот, јазичниот и верскиот идентитет на сите наши граѓани и посветено ќе работиме на негување и промоција на бошњачката култура и традиција, се вели во честитката.

Претседателот Пендаровски, покрај желбите за добро здравје, успех и благосостојба, апелира да бидеме солидарни и одговорни во справувањето со Ковид-19.

Би сакал да ја искористам оваа можност и да апелирам во период кога се очекува вториот бран од пандемијата со Ковид-19 да останеме сплотени, солидарни и одговорни и да се заштитиме себеси, најблиските и целата заедница. Верувам дека и од оваа битка, која ја води целото човештво, ќе излеземе како победници и набргу ќе се вратиме на нормалното секојдневие, мотивирани заеднички да работиме за демократска, модерна и просперитетна Република Северна Македонија, се наведува во честитката од претседателот Пендаровски.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново