Ваучерите за туризам дадоа одличен резултат, оваа мерка ќе ја спроведеме и во 2021 година
Објавено на 18 јануари, 2021 во 11:40
18.01.2021
Ваучерите за домашен туризам дадоа одличен резултат, затоа во 2021 година ќе се продолжи со оваа мерка.
„Продолжуваме со мерката организиран одмор на работници со ниски приходи. Ефектите од ваучерите за домашен туризам за граѓаните со ниски приходи, дадоа резултат посебно за домашните туристички капацитети“, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.
За оваа мерка ќе бидат издвоени 15 милиони денари, а ќе биде наменета за семејствата чии месечни примања не го надминуваат нето-износот од 30.000 денари.
„Поддршката ќе биде по 12.000 денари од апликант, а јавниот повик ќе биде објавен во првата половина на 2021 година“, истакна Бектеши.
#ДомашенТуризам #Ваучери #ОрганизиранОдмор #НискиПриходи #МинистерЗаЕкономија #КрешникБектеши