Пендаровски: Случајот „Јавна соба“ повторно активен, правото на приватност е загарантирано со Уставот
28.01.2021
Деновиве сме згрозени што повторно сме сведоци на случајот „Јавна соба“, случај во кој фрапантно се крши приватноста на илјадници жени и девојчиња. Понижување, сексизам и насилство може да остават трајни последици врз нивниот живот. Правото на приватноста е загарантирана со највисокиот правен акт – Устанот на Република Северна Македонија. Шефот на државата потенцира дека насилството врз жените и девојчињата, во секоја форма – психичко, физичко, сексуално, е казниво со закон.
– „Барам од надлежните институции соодветно да го истражат случајот, а престапниците да бидат гонети и казнети согласно законските прописи. Одговорност мора да има во најкус можен рок. Доколку не се дејствува сега, се создава можност за креирање на култура на неказнивост за кривични дела со кои се уништуваат животите на илјадници жртви. Како општество, секој од нас треба да покаже солидарност и поддршка на жртвите, да не дозволиме двојна виктимизација. Да дејствуваме веднаш!“, вели Стево Пендаровки, Претседател на Република Северна Македонија.
Случајот повторно се актуелизира деновиве откако беше обелоденето дека на социјалната мрежа Телеграм над 5.600 членови на групата споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки.
ОД Министерство за внатрешни работи за МИА вчера потврдија дека Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при презема мерки за расчистување на случајот.
–„ Ќе продолжиме и со интензивните напори да се оствари и директна комуникација со платформата Телеграм која до сега демонстрира целосна затвореност за соработка со владите на државите од која било земја. Се разбира ги користиме сите други активности кои ни се на располагање за расчистување на овој случај, нагласија вчера од Министерство за внатрешни работи.
Првата ваква група на социјалните мрежи беше откриена пред една година, кога беа откриени околу 7.000 корисници кои си разменувале експлицитни фотографии од девојки, од кои некои и малолетни . Полицијата тогаш соопшти дека групата „Јавна соба” по преземените мерки е згасната.
#ШефНаДржавата #Пендаровски #ЈавнаСоба #Насилство #НеСиСама