Досега вакцинирани 25 000 граѓани во СЦ „Борис Трајковски
12.04.2021
Вакцинацијата во државата се одвива добро. Веќе се вакцинирани околу 25 000 граѓани во салата „Борис Трајковски”, а утре завршува вакцинација на вработените во критичната ифнраструктура, согласно националниот план.
Од среда, останатиот дел од 20 000 вакцини на Спутник, ќе бидат распределени по возрасни групи, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој посочи дека вакцинацијата со останатите вакцини на Спутник од среда ќе се одвива исто како што се одвива вакцинацијата од почетокот со вакцината на Астра Зенека, по вакциналните пунктови.
Министерот Филипче испрати апел до сите граѓани да се пријават на сајтот за вакцинација „vakcinacija.mk” за да сите податоци на пријавените граѓани влезат во системот Мој Термин и на тој начин да бидат регрутирани.
-Освен овој систем, кој исто така важи е и преку пријавување кај матичните лекари, кои имаат обврска да ги анкетираат своите пациенти, посебно постарите, кои треба да го изразат интересот за вакцинација. Значи од среда вакцинацијата ширум државата продолжува по возрасните категории, како ќе доаѓаат понатаму вакцини, ќе се надополнуваат двата системи, додаде Филипче.
Приоритет имаат постарите граѓани, но продолжуваат и во делот на критичната инфраструктура.
Како што посочи, вакцинирани се целосно сите оние кои имаат најголем ризик и кои практично учествуваат во менаџирање на кризата од почеток, припадници на МВР, Армијата, вработените во училиштата, односно наставнички од прво до трето одделение, МТСП во делот на градинките, негувателките и вопситувачлите, понатаму праводуството, денеска е групата на вработени во Собрание, во техничките служби, а го очекува и интересот од страна на претседателот на Собрание во делот на вакцинација на пратениците.
Прашањан дали бремените жени ќе се вакцинираат, Филипче рече оти сите препораки треба да дојдат од стручниот тим кои што работи на вакви анализи.
-Сите препораки ќе дојдат од стручниот тим кој што ги работи анализите врз основа на публикација, ако има некоја категорија на граѓани да бидат внимателни, тогаш ќе има таква препорака односно ќе бидат приоретизирани, посебно на една ваква осетлива категорија, а овие денес вакцини кои што ќе дојдат, ќе бидат додадени на сегашниот систем на вакцинирање на граѓаните по возраст, рече Филипче.
Тој појасни дека хронично болните ќе се вакцинираат согласно возрасната група, затоа што има навистина голема бројка и во таа смисла приоритетот се дава според возраста.