Уапсени тројца грчки државјани кои шверцувале дрога и оружје од С. Македонија во Грција

Објавено на 20 април, 2021 во 08:44

apsenje

20.04.2021

Во акција на грчката полиција биле уапсени три лица, државјани на Република Грција, членови на криминална мрежа што од Северна Македонија во Грција пренесувала оружје и дрога.

Во акцијата запленети се 55,5 килограми канабис, автоматска пушка, митралез и 139 куршуми, а дополнително идентификуван е уште еден член.
Поконкретно, како што соопштија од грчката полиција, непознати членови на групата, во Грција од Северна Македонија внеле три торби со канабисот и оружјето, кои му ги предале на еден од уапсените, а тој, во поширокиот регион на Кукуш, торбите им ги предал на другите двајца уапсени.

Уапсените, со две возила се упатиле накај со Солун, со цел да му ги предадат торбите на четвртото лице кое е идентификувано, но не е уапсено, меѓутоа биле спречени од полицијата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.