lugjenadozd fin

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.

dimitrov fin

Мојата земја денес, Северна Македонија, е успешна приказна која треба да биде охрабрена и поддржана ако сакаме да направиме разлика. Најголемата научена лекција од сето ова е дека ние можеме да направиме разлика.

soobrakajka fin

Возачот и четворицата патници од возилото „рено 5“ се загинатите лица во сообраќајната несреќа што е случи синоќа на булеварот „Борис Трајковски“ пред скопската населба Драчево.

Micel fin

Претседателот на НДИ од Вашингтон, Дерек Мичел денеска престојува во посета на Собранието на Република Северна Македонија каде ќе има средба со Клубот на пратенички.

Fondzainovacii fin

Вториот повик од Планот за економски раст на Владата наменет за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации завршува денеска. Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски вели дека има најава за голем интерес на компаниите со што очекуваат дека буџетот за годинава од 12,5 милиои евра на Фондот ќе биде исцрпен.

grckiparlament fin

На пленарна седница закажана за 16 часот по локално време, грчкиот Парламент ќе гласа за ратификација на двата договори потпишани во март и април во Скопје за отворање на новите гранични премини кај Мајден и Маркова нога, како и за подигнувањето на Канцеларијата за врски во Скопје на ниво на амбасада и на Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат, откако вчера Комисијата за национална безбедност и надворешни прашања ги прифати нацрт законите доставени од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново